„Децата се индикативен вид. Доколку изградиме град кој ќе биде по мерка на децата, тогаш тој ќе биде по мерка и на сите други луѓе. “ Енрике Пеналоза

Enrique Peñalosa
Како да ги натераме децата и младите да размислуваат за градовите на иднината? Како да ја развијат својата визија? Како да ги зајакнат своите капацитети за превземање акција?
Целта на овој Еразмус+ проект „TUDEC - Преку апсајклинг до изградба на еко-градови“ (Градовите на иднината) е приближување на целите на Цел 11 од Програмата за Одржлив Развој (Одржливи градови и заедници) до свеста на децата на возраст од 6 до 14 год. Преку обезбедување на наставни содржини, активности за час и едукативни видеа, партнерите на овој проект им обезбедуваат на наставниците алатки за тоа како да ги вклучат своите ученици во создавање на одржливи градови.